Bidi Svoja

Bidi Svoja

Share

Женска ноќна трка -Битола
� 5км
� 20.06.2026
� Старт во 19:30

06/07/2026

Голема благодарност до ЈП Паркинзи – Битола за несебичната поддршка и одличната соработка со организацијата на женската ноќна трка „Биди Своја“.

Со нивната навремена реакција, посветеност и помош во расчистувањето и подготовката на патеката, придонесоа настанот да се одржи беспрекорно и во најдобар ред.

Ваквата соработка е доказ дека кога институциите и организаторите работат заедно, се создаваат безбедни, успешни и незаборавни настани за сите учесници.

23/06/2026

Посебна благодарност до ERI CORPORATION!

Во време кога многу компании зборуваат за еднаквост, поддршка и грижа за своите вработени, ERI CORPORATION покажа како тоа изгледа на дело.

Како една од најопштествено одговорните компании на овогодинешното издание на „Биди Своја 2026“, ERI CORPORATION се истакна со најголем број пријавени и активни учеснички – жени кои со своето присуство испратија силна порака за здрав живот, еднакви можности, тимски дух и поддршка.

Нивното учество не беше само спортски настап. Тоа беше пример како една компанија инвестира во своите луѓе, во нивното здравје, самодоверба и благосостојба.

Воедно, овогодинешното издание испрати и важна порака до останатите компании и институции. За жал, голем број организации кои секојдневно зборуваат за општествена одговорност, поддршка на жените и грижа за вработените, не успеаја тоа да го покажат и преку конкретна поддршка на вакви настани.

Се надеваме дека токму примерот на ERI CORPORATION ќе биде поттик за сите останати работодавачи следната година да застанат зад своите вработени и активно да ги мотивираат да бидат дел од јубилејното 5-то издание на „Биди Своја“ во 2027 година.

Затоа што вистинската поддршка не се мери со зборови и објави на социјалните мрежи, туку со дела, присуство и вложување во луѓето.

Благодариме ERI CORPORATION што покажавте како изгледа вистинска општествена одговорност.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Website

Address

Bitola
7000