FC Pelister Bitola
Добредојдовте на официјалната Facebook страница на ФК Пелистер
www.instagram.com/fkpelisterbitola
05/06/2026
🎉 Денес роденден слави, а воедно влегува и во брак Христијан Грозданоски!
🥂 Среќен роденден и честит брак Кице.
31/05/2026
ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.
Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати.
Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.
Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер.
31/05/2026
😡 Пораз во бараж натпреварот, по изведување на пенали (5-6).
Голот на Петар Петковски 90+, 1-1!
31/05/2026
🟢HT
Click here to claim your Sponsored Listing.