Pece Milevski
Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА
Пратеник во Собранието на Република Македонија
11/06/2026
🇲🇰 Со овој закон се уредува статусот на станови во државна сопственост кои се доделени на користење на лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР.
☑️ Со Законот за продажба на станови во државна сопственост за вработените во Министерството за внатрешни работи, им се овозможува на корисниците да ги откупат и со тоа трајно да го решат своето станбено прашање.
☑️ Овој проблем со денешното усвојување на Законот во Собранието значи негово решавање по цели 35 години.
☑️ Средствата од продажбата на становите ќе бидат вложувани во изградба на нови станови, што значи се води грижа за сегашните и младите генерации вработени во МВР да го решат основното животно прашање - домувањето.
☑️ Средствата ќе се уплаќаат на наменска сметка на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор на Република Македонија
▶️ Продажбата на становите се врши во готово или на одложено плаќање со учество од 30% од цената на станот, а остатокот од цената се исплатува најмногу до 180 еднакви месечни рати со годишна камата од 7,2%.
08/06/2026
✔️Собранието сериозно и посветено работи на Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024 - 2028, кои се клучни во создавањето современ и функционален систем за управување со човечките ресурси во судовите и јавните обвинителства, а со тоа и зајакнување на инситутциите од секторот правда.
☑️ При тоа, особено внимание беше посветено на статусот на судската и обвинителската служба. Сите овие заложби имаат една цел - зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството.
☑️ Денеска Законите за
судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија, по што следуваат јавни расправи за овие два законски текста.
☑️ Значајни интервенции во овие два законски текста се:
✔️воспоставување посебен статус на судските и јавнообвинителските службеници како посебни административни службеници, заради специфичноста на нивната работа и се напушта моделот преземен од општиот систем на административни службеници.
✔️нов систем за вработување и унапредување, прилагоден на потребите на судовите и јавните обвинителства, кој обезбедува избор на најстручни и најквалитетни кадри.
✔️воспоставување реален кариерен развој и можности за напредување во рамки на службата.
✔️зајакнување на кадровската автономија и намалување на зависноста од извршната власт при планирањето на вработувањата.
✔️нов систем на пресметка на платите со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата.
✔️зајакнување на дисциплинската одговорност, интегритетот и механизмите за заштита на правата на вработените.
✔️уредување на статусот на судската полиција и другите категории вработени во правосудните институции.
28/05/2026
Денеска, како дел од Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, заедно со колегите Велика Стојкова Серафимовска и Мартин Стојановски учествував на средбата со индонезиската амбасадорка, Н.Е. Листијана Оперананта.
На средбата присуствуваше и Др. Сашко Кедев, почесен конзул на Индонезија.
Индонезија, како членка на Г-20, претставува огромен пазар (со над 287 милиони жители, четврта најнаселена држава) и силна суровинска база за македонската индустрија.
Македонија во континуитет ги разгледува можностите за поголем извоз на македонски производи и привлекување на индонезиски инвестиции.
Во последните 10 години, економијата на Индонезија е извонредно стабилна, со силен раст - просечна годишна стапка од околу 5%. Овој континуитет ја позиционираше земјата како една од најбрзо растечките големи економии во светот.
Амбасадорката Оперананта, своите активности во периодот што претстои покрај унапредувањето на економската, културната, соработката во образованието, ќе ги фокусира на унапредување на визниот режим меѓу двете држави.
24/05/2026
Просвета, просветлување, просвештение - св. Кирил и Методиј незгаслива светлина и слово - вечност.
Во нивна чест денеска во храмот Св. Софија во Охрид се одржа свечена академија насловена “Од слово до вечност”, на која зборуваа претседателот на Владата проф.д-р Христијан Мицкоски, претседателот на МАНУ академик Живко Поповски и Климент Хераклејски - викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија.
Денес да веруваме, да учиме, работиме и создаваме и само така ќе го исполниме заветот на првоучителите св. Кирил и Методиј.
Нека е честит и благословен овој ВЕЛИК ден по раѓањето, формирањето, но и опстојувањето на нашиот духовен и културен идентитет, значаен во широки цивилизациски рамки.
20/05/2026
Потврда на изјавите и вложениот напор на Премиерот Христијан Мицкоски во однос на сериозниот напредок на Државата.
Европската комисија денеска официјално одобри 158,9 милиони евра во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, а Македонија лидер во добиените средства.
Износот вклучува:
- 65,7 милиони евра за Македонија,
- 49 милиони евра за Албанија и
- 44,2 милиони евра за Црна Гора.
Средствата се доделуваат по позитивната оценка на Европската комисија за спроведените реформи во трите земји заклучно со декември 2025 година, како дел од Инструментот за реформи и раст вреден вкупно 6 милијарди евра.
Средствата се доделуваат за директна поддршка за државниот буџет и средства за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
Предвидено е во Македонија (65,7 милиони евра): - 30,6 милиони евра одат директно во државниот буџет, а
- 35,1 милиони евра се наменети за инвестициски проекти.
Парите се одобрени поради напредокот во финансирањето на основното и средното образование, како и поради проширувањето на дигиталната инфраструктура и ИТ опремата во училиштата.
Македонија е првата земја од Западен Балкан која успешно ги спроведе потребните реформи и повлече средства од Планот за раст на Европската Унија. Државата е како лидер во регионот и веќе ги обезбеди првичните транши за предфинансирање наменети за економски развој и евроинтеграција.
Продолжуваме како што ветивме - образованието и инфраструктурата остануваат области во кои мора да напредуваме и вложуваме.
15/05/2026
Во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, со голема почит се оддржа настан за поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски – државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја.
Портретот на претседателот Борис Трајковски, дело на авторката Валбона Атанасовска, го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека ова не е само омаж на еден претседател, туку и почит кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста.
"Ние го правиме тоа, но не е доволно само да се зборува за демократија, а истовремено да се дозволува цветање на криминалот и корупцијата“
"Мојата визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба"
➡️ Претседателот Борис Трајковски
На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници.
13/05/2026
Прва мултисекторска размена помеѓу пратеници и национални чинители од Македонија и Албанија на тема:
"Заеднички безбедносни предизвици поврзани со животната средина и климатските промени"
Југоисточна Европа се повеќе е изложена на климатски опасности поврзани со топлотни бранови, суши, поплави и пожари.
Овие ризици во подем јa засилуваат ранливоста на социо-економски план
и се причина за повеќе видови внатрешно расселување: миграцијата село град и прекуграничните движења.
Сето ова ја наметнува потребата од интегрирани пристапи кон климатското приспособување и намалување на ризикот од катастрофи.
Disaster Risk Reduction - DRR
управувањето со миграцијата и безбедносните рамки се важни за ефикасно справување со се поголемите предизвици во регионот.
✅️ Регионалната соработка е од суштинско значење за отпорна иднина, но е недоволно развиена, да продолжиме да работиме во оваа насока.
08/05/2026
ОТВОРЕНО СОБРАНИЕ ПОБЛИСКУ ДО МЛАДИТЕ
Денеска Битола беше станица на мобилниот караван на Собранието: Отворено за идеите на младите, кој до јуни ќе посети повеќе градови низ земјата.
Денеска во Битола, чест ми е што младите беа активни и инспиративни учесници во дебатата и уште еднаш силно потврдија дека младоста, енергијата, љубопитството и знаењето се важни чекори кон прогресот на целата заедница.
Караванот се реализира во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, проект на Владата на Швајцарија, Embassy of Switzerland in Macedonia, имплементиран од NDI Macedonia, Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje.
04/05/2026
ИНТЕЗИВИРАНИ ЧЕКОРИТЕ - БИТОЛА ДОБИВА ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ И ЗДРАВСТВО
✔️Денеска влезе во собраниска процедура - прво читање, Законот за основање на новиот Факултет за медицински науки и здравство, во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како правен следбеник на Високата медицинска школа.
☑️Битола продолжува да расте како универзитетски центар, а младите луѓе имаат поголеми можности во избирот на своите академски студии и професионалната определба.
☑️Не помалку важно е што со ваквиот предлог Закон се обезбедува институционален и функционален континуитет, преку преземање на постојните кадровски, просторни и технички ресурси, исто така и акредитираните студиски програми.
☑️Факултетот ќе реализира академски студиски програми од прв циклус во траење од четири години за медицинска сестра, акушерка и медицински биохемичар, како и стручни студиски програми во траење од три години за медицинска сестра/техничар, акушерка, медицинско-лабораториски
аналитичар, радиолошки технолог, физиотерапевт и санитарен инженер.
☑️Битола останува високо на листата каде и здравството и образованието мора да се унапредуваат преку постојана поддршка.
28/04/2026
25 години од Вејце 🙏🇲🇰❤️
Останува жива болката, ама и достоинството и восхитот за храброста и саможртвата на сите бранители и жртви во овој брутален и крвав терористички чин.
Посебна почит и поклон кон нашите сограѓани Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.
Вашиот чин не е само лична драма, туку пример за љубов, чесност и родољубие.
Длабок поклон
Славата Ви е вечна!
🇲🇰Херои кои не се забораваат🇲🇰
Click here to claim your Sponsored Listing.