Intellect Education
Едукативен центар за комплетен развој на секое дете, едукација и советување Intellect Education .
🤡 Ден за смеа и радост!
🤡 Day of laughter and joy!
🤡 Tag des Lachens und der Freude!
20/03/2026
Почитувани ученици и родители,
По повод големиот празник Рамазан Бајрам, упатуваме искрени честитки до сите ученици и граѓани од муслиманска вероисповед. Ви посакуваме празникот да го поминете во мир, здравје, среќа и благосостојба, исполнет со радост и топлина во кругот на вашите најблиски.
Ве известуваме дека поради празникот нема да се реализира настава, а со редовните активности продолжуваме од понеделник.
Со почит,
Intellect Education
🎓 Во рамки на нашата претшколска програма, посветуваме особено внимание на правилниот говорен развој на децата. 🗣️
Затоа во програмата е вклучена и логопедска проценка на артикулацијата на буквите, со цел навремено да се согледа како детето ги препознава и правилно ги изговара гласовите. 🔤
Проценката се реализира преку забавни и креативни активности, прилагодени на возраста на децата.
На пример, преку изработка на мал модел - кое децата го „хранат“ со букви, тие низ игра ги поминуваат буквите, ги препознаваат, ги изговараат правилно и ги поврзуваат со зборови.
На овој начин учењето станува интересно, природно и мотивирачко. 🎨📚
Нашата цел е децата да бидат подготвени за прво одделение од секој аспект – говорен, когнитивен и емоционален.
Подготовката продолжува со различни активности кои го поттикнуваат развојот на вниманието, говорот, логиката и самодовербата. 🌱
💙 Горди сме што оваа подготовка е стручно поддржана, успешна и едукативно осмислена, а најголемата добивка се насмевките, сигурноста и знаењето што децата го стекнуваат на патот кон училишните клупи. 🏫
Intellect Education
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the school
Address
Kicevo
6250KICEVOREPUBLICOFMACEDONIA
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 20:00 |
| Tuesday | 11:00 - 20:00 |
| Wednesday | 09:00 - 20:00 |
| Thursday | 11:00 - 20:00 |
| Friday | 11:00 - 20:30 |