Goka's Kitchen
Добредојде во Goka’s Kitchen 🌿
Готви, насмевни се и уживај во секој ден! 🌞
Зимата има свој вкус… а тоа е топла шолја чај 🍵
Зачувајте го вашиот имунитет со домашен чај од ѓумбир, мед и лимон 🍯🍋
Мал ритуал, голема разлика ✨
21/11/2025
🔥Ова смути ме натера да се откажам од енергетски пијалоци!🔥
Ако ти треба нешто вкусно што ќе ти даде енергија — ова смути е топ избор 💥
Полно со антиоксиданси, природна сладост и супер кремаста текстура.
✨ Што ти е потребно:
• 1 чаша замрзнати бобинки
• 1 банана
• ½ чаша јаболков сок или кокосово млеко
• ½ чаша грчки јогурт
• 1 лажичка мед
Стави сè во блендер… блендирај 30 секунди и уживај во најкремастото смути што ќе го пробаш!
Ке ве држи сити, полни со енергија и свежина цел утрински период. ✨
Уживајте!
19/11/2025
Секој може да готви здраво - 5 минути, 5 намирници и добра волја е се што ви треба🙂
Исецкајте:
- 1 краставица,
- 1 авокадо,
- 2 домати,
- 1/2 главица црвен кромид,
- прстофат свеж копар
- во помал сад размешајте маслиново масло, сол и црн бибер
Во длабока чинија ставете ги состојките од зеленчукот една по една, и одозгора рамномерно истурете го преливот со маслиново масло. Размешајте.
Вашиот оброк е готов!
Пробајте 🙂
06/10/2025
🥣 Крем супа од тиква со куркума
Состојки:
700 g тиква, исечена на коцки
1 кромид
2 моркови
1 компир
1 l зеленчукова супа (бујон)
200 ml кокосово млеко (или павлака за готвење)
2 лажици маслиново масло или путер
1 рамна лажичка куркума во прав
Сол и бибер по вкус
Семки од тиква или свеж магдонос за украс
Приготвување:
Загрејте маслиново масло или путер во тенџере и пропржете го кромидот.
Додајте морков и компир, кратко пропржете.
Ставете ја тиквата, посипете со куркума и измешајте за да се ослободат аромите.
Прелијте со зеленчукова супа и варете околу 20 минути, додека зеленчукот не омекне.
Изблендирајте ја супата до мазна текстура.
Додајте кокосово млеко (или павлака), сол и бибер, па оставете да проврие уште неколку минути.
Послужете топло, украсено со печени семки од тиква или свеж магдонос.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
2400