SABA Bitola
PRIVATNO SREDNO UCILISTE
08/06/2026
Во периодот од 3 до 5 јуни, 30 ученици од прва и втора година од ПСУ САБА Битола учествуваа на повеќечасовни работилници во организација на SFERA International, како дел од програмата „MYndTheater“.
Учениците имаа можност да работат на теми поврзани со:
▪️ дигитални ризици
▪️ ментално здравје
▪️ емоции и градење карактер
▪️ форум театар
▪️ сценска игра и групни перформанси
Преку интерактивни активности, дискусии, театарски техники и тимска работа, младите стекнаа нови знаења, вештини и искуства кои ќе им помогнат во личниот и во образовниот развој.
Работилниците беа целосно успешно реализирани, а учениците покажаа голема заинтересираност, креативност и активна вклученост во сите активности.
06/06/2026
Честитки до тимот на САБА Битола за освоеното прво место на ПОГОН - саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност. 🥇
Проектот кој го водеше проф. Тања Николовски со учениците од трета година беше прогласен за најуспешен проект од физика во средношколска категорија.
Многу се радуваме и сме горди на овој успех.
02/06/2026
Една фотографија може да разбуди илјадници убави спомени… 📸
Насмевки, другарства, заеднички моменти, успеси, шеги и незаборавни денови исполнети со училишни авантури. Со заедничката фотографија од класот го одбележуваме крајот на уште една учебна година – година исполнета со учење, растење и многу спомени кои ќе останат засекогаш.
Нека овие фотографии бидат потсетник на едно прекрасно време и едно посебно поглавје од нашите животи. ❤️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Solunska 234
Bitol
7000