Veterinary Center Vito Vet
Ветеринарен центар Vito Vet
17/01/2026
📌 МАЧЕШКА ВИРУСНА ИМУНОДЕФИЦИЕНЦИЈА (FIV)‼️
📌 Ова е многу тешка и заразна болест кај мачките. Овој вирус е од иста фамилија како вирусот на сида кај луѓето (HIV-Humane Imunodeficiency Virus) и е многу сличен по епидемиологијата и по симптомите на болеста. Иако вирусот е сличен на човечкиот ХИВ, тој е видово специфичен и не претставува ризик за луѓето.
📌 FIV се излачува преку плунката на заболената мачка и најчест начин на пренесување е преку угризни рани.
📌 Прва - акутна фаза на инфекцијата
Првата фаза почнува 4-6 недели после контактот со заболената мачка, се карактеризира со слаб апетит, висока температура, отекување на лифните јазли, дијареа, воспалителни промени на кожата.
📌 Втора фаза – асимптоматска , латентна фаза.
Оваа фаза не е проследена апсолутно со никакви симптоми и може да трае со месеци или години.
📌 Трета фаза - хронична терминална фаза.
Се карактеризира со најразлични симптоми затоа што доаѓаат од секундарните инфекции.
Симптоми кои се јавуваат се прогресивен губиток на тежината, хронични бактеријски инфекции кои не реагираат на антибиотици, висока температура, зголемени лимфни јазли. Во усната празнина се јавуваат рани, воспалителни процеси на гингивите и устата. Симптоми на горните респираторни патишта се гноен исцедок од носот, кашлица, знакови на пнеумонија, симптоми на гастроинтестиналниот тракт, акутна и хронична дијареа. На кожата се јавуваат апцеси, гнојно воспалување на ушите и воспалување на целата кожа. Кај некои мачки се јавуваат и хронични проблеми со уринарниот тракт. Ретки се промените на централниот нервен систем. Голем е процентот на појава на тумори‼️
📌 Откако мачката ќе се инфицира со FIV, вирусот останува во нејзиното тело засекогаш.
Ветеринарен Центар Vito Vet
31/12/2025
✅ 2025 DONE ✅
Оваа година ја завршуваме со една хумана приказна со среќен крај‼️
Во нашиот тим се придружи уште еден член, Милица‼️
Милица беше маче кое живееше во кругот на една фабрика во Прилеп. По дојава на дел од вработените во таа фабрика, Милица беше донесена во Ветеринарниот Центар Vito Vet. Поради сериозноста на повредите и општата состојба, Милица беше задржана кај нас за понатамошно лекување. Откако нејзината општа состојба беше подобрена, се одлучивме за ампутација на преден екстремитет поради целосно оштетување на коските и инервацијата. Операцијата беше успешна, а таа одлично ја помина самата хируршка интервенција и анестезија. После две недели од операцијата, Милица е потполно опоравена, игрива и весела. Таа останува со нас, како дел од тимот на Vito Vet.
А на Вас би Благодариме на довербата и што сте со Нас изминативе години, ни давате мотив да продолжиме со нови цели и успеси.
Нашите желби во Новата година се здрави и среќни пациенти‼️
Тимот на Ветеринарниот Центар Vito Vet, Pet Store Vito и Pet House Vito ви посакуваат Среќни Новогодишни и Божиќни празници‼️
Со Почит, Ваш Ветеринарен Центар Vito Vet🥇
20/12/2025
📌 Луси за прв пат ќе биде Мајка, очекуваме новогодишни поклончиња😹‼️
Ветеринарен Центар Vito Vet
07/11/2025
Најдено е куче во населба Точила, доколку некој го бара можи да не контактирате ‼️
26/10/2025
📌 Бек итно е донесен во Ветеринарниот Центар поради удар од кола ‼️
📌 Направен е преглед, крвни испитувања. ултразвук на абдомен‼️
📌 За среќа нема сериозни повреди и е надвор од животна опасност‼️
📌 Повредата на ногата, отворена рана но без скршеници е третирана и сошиена, па наредните денови следуваат контроли, преврски и терапија‼️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Vasko Karangeleski Br 56
Prilep
7500
Opening Hours
| Monday | 08:00 - 19:00 |
| Tuesday | 08:00 - 19:00 |
| Wednesday | 08:00 - 19:00 |
| Thursday | 08:00 - 19:00 |
| Friday | 08:00 - 19:00 |
| Saturday | 08:00 - 17:00 |