NEXUS Community Creative Center
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from NEXUS Community Creative Center, Community Center, Ulica Partizanska bb, Radovis.
08/04/2026
🚴♂️ Во просториите на Нексус се одржа координативен состанок на ВК БЕЛ КАМЕН - СЕРТА Радовиш исполнет со позитивна енергија, идеи и планови за нови авантури!
Се разговараше за претстојните активности, унапредување на клубот и зајакнување на заедницата на љубители на велосипедизмот.
Продолжуваме со уште поголем ентузијазам – патеките нè чекаат! 🌄
Во Нексус, учењето станува доживување 🤖✨
Денес, нашите млади иноватори заедно со своите родители чекореа низ светот на археологијата – преку роботика, креативност и тимска работа.
Тука се раѓаат идеи.
Тука расте иднината. 💛
04/04/2026
Денес во просториите на Нексус владееше посебна енергија, исполнета со љубопитност, креативност и тимска работа.
Нашите вредни дечиња, заедно со нивните родители, со голема посветеност се подготвуваа за претстојниот натпревар по роботика на тема археологија.
Со многу ентузијазам, тие истражуваа, градеа и создаваа, претворајќи ги своите идеи во мали технолошки чуда. Секој чекор беше исполнет со учење, поддршка и заедничка радост, покажувајќи дека кога љубовта кон знаењето се споделува – резултатите се навистина инспиративни.
Горди сме на нивната посветеност и труд, и со нетрпение очекуваме да ги видиме нивните успеси на натпреварот што следи. 💛🤖
01/04/2026
Со големо задоволство ви споделуваме дел од атмосферата од работниот состанок со членовите на здружението „Радовишка Пчела“, кој се одржа во просториите на Нексус – Креативниот центар на заедницата. 🐝
Во пријатна и инспиративна средина, разговараа за идеи, предизвици и можности за понатамошен развој и унапредување на заедничките активности.
Нексус останува отворен простор за поддршка, поврзување и креирање позитивни промени во заедницата.
Ви благодариме на сите учесници за активното учество и енергијата што ја внесувате! 💛
19/02/2026
Во моментов, во Студио НЕКСУС се снима нова епизода од популарниот подкаст GoRural – посветен на руралниот развој и приказни од нашите заедници! 🎙️
✨Професионална екипа со камери, светла и целосна продукција го снима разговорот во нашите модерни простории во Радовиш.
Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон услуги за цела заедница: студио за снимање подкасти, настани и медиумски проекти достапно за сите!
Следете не за детали од епизодата и резервирајте го вашиот термин. Заедно градиме рурални приказни! 🌾📹
#СтудиоНЕКСУС #РуралниПриказни #НЕКСУСРадовиш #Подкаст
18/02/2026
Креативниот Центар на Заедницата НЕКСУС продолжува со своите активности и бесплатни услуги за граѓаните од Радовиш и регионот!
Како дел од нашата посветеност, обезбедивме целосна логистичка поддршка за организација на обука за спортските клубови, организирана од претставници на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ).
Меѓу учесниците беше и ФК Детонит Плачковица од Радовиш, кои добија клучни знаења за развој и менаџмент.
Оваа обука се одржа во нашите простории, со фокус на практични сесии пред голем екран и интерактивна дискусија.
Бидете дел од нашите следни активности – слободно контактирајте нè за резервации, обуки или соработка! 💪⚽️
#НЕКСУСРадовиш #СпортЗаСите #ФКДетонитПлачковица #ФФМ #БесплатниУслуги
04/02/2026
🐝 Едукативно пчеларско предавање во NEXUS
Во просториите на NEXUS Community Creative Center се одржа уште едно успешно едукативно дружење во организација на П.З. „Радовишка пчела“.
Присутните имаа можност да го слушнат искусниот пчелар г-дин Душан Чорбик од Скопје – претседател на Пчеларското здружение „Матица“ и потпретседател на ПФМ, кој сподели вредни знаења и практични искуства на тема:
👉 „Технологија со ЛР кошница и пчеларски искуства од Нов Зеланд“
Предавањето предизвика голем интерес меѓу пчеларите и љубителите на пчеларството, кои активно учествуваа во дискусијата и разменија искуства.🐝
Благодариме на П.З. „Радовишка пчела“ за иницијативата и на сите учесници за присуството. NEXUS и понатаму останува отворен простор за знаење, соработка и заеднички раст.
04/02/2026
🌱 THINK. DESIGN. CREATE. SUCCEED.
Ова не е само мантра — ова е начинот на кој размислуваме во НЕКСУС.
💡 Размислувај креативно
🎨 Дизајнирај со визија
🚀 Создавај со храброст
🏆 Успехот доаѓа со соработка
👉 Следи нè и биди дел од заедницата каде идеите стануваат реалност.
03/02/2026
Посетете го Инстаграм профилот на НЕКСУС! 👇📲
NEXUS (@nexus.radovish) • Instagram photos and videos 9 Followers, 16 Following, 12 Posts - See Instagram photos and videos from NEXUS (.radovish)
✨ Новата година ја отвораме со свежи идеи, храбри приказни и уште повеќе простор за креативност.
НЕКСУС е местото каде што заедницата создава, соработува и инспирира.
Ви посакуваме 2026 исполнета со боја, радост, успех и смели креативни чекори.
🎄Среќни празници и среќна Нова година од тимот на НЕКСУС – Креативен центар на заедницата. 🎨💫
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Address
Ulica Partizanska Bb
Radovis
2420