Rotary Club Veles

Rotary Club Veles

Share

Non government Organisation
Rotary Club Veles
Meets every Moday at 8 pm

Photos from Rotary Club Veles's post 04/05/2026

Со голема чест ја реализиравме традиционалната донаторска вечер - во духот на мисијата на Ротари. Оваа година под мотото заедно за побезбеден сообраќај, клучните пешачки премини во нашиот град ќе бидат дополнително обележани со трепкачки светлосни сигнали од собраните средства.
Присуството и поддршката од нашите пријатели сограѓани, од пријателите од останатите Ротари клубови во нашата држава и пријателите од Rotary club Celje Словенија претставува еден силен показател дека заедно градиме заедница со вредности и визија.

Изложба на скулпторот Ангел Коруновски „ Лица“ во КИЦ Белград 21/03/2026

Нашиот член, скулпторот Ангел Коруновски, ја претставува својата самостојна изложба „Лица“ во Македонскиот културно-информативен центар во Белград.

Неговото творештво, кое ги отсликува тивките и често невидливи приказни на современиот човек, е уште еден доказ дека уметноста има моќ да зборува таму каде што зборовите молчат.

Горди сме на сите успеси на нашите членови – заедно во служба на заедницата.

Изложба на скулпторот Ангел Коруновски „ Лица“ во КИЦ Белград Денеска во 19 часот во Македонскиот културно - информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на скулпторот Ангел Коруновски

Photos from Rotary Club Veles's post 25/02/2026

Ротари клуб Велес втора година по ред организираше дегустација на македонски вина.

На наше задоволство, на настанот присуствуваа и гости - членови на Ротари клубовите Куманово, Кочани-Виница, Штип, Радовиш и Неготино.

Оваа година дегустацијата беше спроведена под водство и стручни совети од г-дин Јани Богески од Винарија БОВИН Неготино.

Photos from Rotary Club Veles's post 30/01/2026

РОТАРИ КЛУБ ВЕЛЕС традиционално ја прослави клубската слава Св.Антониј Велики.

Овогодинешен кум на славата беше нашиот чартер-член и поранешен претседател, Бошко Ников.

Имавме посебна чест и задоволство на настанот да бидат присутни Гувернерот на Дистрикт 1912, Матијаж Новак и Координаторот на Сојузот на Ротари клубови на Македонија, Милош Радуловиќ.

На свеченоста, клубот му додели Пол Харис значка на нашиот поранешен претседател Благој Петров, која му беше врачена од Гувернерот.

Want your organization to be the top-listed Non Profit Organization in Veles?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Website

Address


Veles